Како форма на кардиоваскуларна активност со низок интензитет, одењето помага во согорувањето калории, го подобрува метаболизмот и придонесува за губење на масти, особено кога се комбинира со балансирана исхрана. Нутриционистите откриваат што се случува со телото кога пешачиме по 30 минути секој ден и зошто истото треба да стане дел од нашата рутина.
Го забрзува метаболизмот и ги балансира хормоните
Кога одвојувате 30 минути за пешачење секој ден, правите многу повеќе отколку само прошетка. Оваа активности ја зголемувате вашата дневна физичка активност, што директно влијае на вашиот метаболизам и подобра регулација на шеќерот во крвта Пешачењето го подобрува варењето на храната, ја намалува надуеноста, го зајакнува срцето и крвните садови и има позитивен ефект врз квалитетот на спиењето, особено ако се практикува наутро, на природна светлина. Покрај физичките ефекти, редовното пешачење придонесува и за менталното здравје, бидејќи го намалува нивото на стрес и го подобрува расположението.
Одржлив начин за слабеење
За разлика од интензивниот тренинг, кој не е погоден за секого, пешачењето е подостапен и долгорочен одржлив начин на вежбање. Освен што не врши никаков притисок врз зглобовите, го поттикнува и согорувањето на калории преку секојдневно движење. Колку е поголема нашата дневна физичка активност, толку е полесно да создадеме калориски дефицит. Пешачењето, исто така, помага во балансирањето на хормоните, го подобрува закрепнувањето на организмот помеѓу тренинзите и генерално го олеснува процесот на слабеење.
Клучот е во рамнотежата
Пешачењето обезбедува добра основа за секојдневно движење и може да биде почетна точка за стекнување здрави навики. Ако сакате ја зголемите мускулната маса и да ја одржите густината на коските, важно е да вклучите тренинг за сила два до четири пати неделно покрај пешачењето и да обрнете внимание на внесот на протеини. Тренингот за сила гради мускулна маса, а пешачењето помага во нејзиното одржување.