Home » Завршни консултации за законот за локална самоуправа – нема повеќе недопирливи градоначалници

Завршни консултации за законот за локална самоуправа – нема повеќе недопирливи градоначалници

by Журнал.мк

Новиот закон за локална самоуправа ќе биде прифатлив за поголемиот дел од партиите и ќе биде во служба на сите граѓани. На него работат експерти и голем дел од граѓанскиот сектор, објаснува министерот за локална самоуправа Перински. Отповикувањето од функцијата градоначалник и враќањето на моќта во рацете на граѓаните, како и воведување на комунална полиција се главните измени што се очекуваат.

„Ние предвидуваме со процесот со предлог – измените да завршиме некаде до 30 март и веднаш потоа да влезат во собраниска процедура, нормално прво на владина седница треба да се усвојат, а потоа да влезат и во владина процедура. Некаде после 30 март ќе биде законот оперативен во насока на предлог- измени да се валидизираат од релевантните институции така да јас очекувам некаде до летото да се заврши целиот процес“, изјави министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, пред година и пол побарал законски измени со кои ќе се утврди одговорност кај градоначалниците за нивната работа.

„Она што ние од самиот почеток го побаравме, а наиде на најголем интерес кај јавноста е отповикувањето на градоначалник. Можноста, повторно суверенот-граѓанинот да ја има моќта и да го разреши оној кој го гласа и го назначува, односно градоначалникот, кој патем е единствениот функционер во моментот во државата кој не може да биде отповикан“, изјави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Новиот закон ќе стави ред во урбаниот хаос категоричен е градоначалникот на една од најголемите општини во Македонија.

„Јас како градоначалник на најголемата оппшитна, излегов со конкретни предлози, како што е вовеување на функцијата која беше на сила градски архитеткт за да се стави ред во урбаниот градеѓен хаос во општината“, изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриески.

Александар Спасеновски рече дека со новите измени се воведува правна база за натамошни практични решенија, и порачува оти сите партии треба да се согласат со ново законско решение.

„Кога станува збор за делот со комуналната полиција важно е да кажеме дека во законот воведуваме правна можност за воведување комунална полиција која што ќе биде регулирана со друго законско решение. Сега создаваме база за во иднина се регулира оваа материја“, изјави Александар Спасеновски, професор на Правниот факултет.

Ова е четврт консултативен настан за измените на Законот за локална самоуправа. Учествуваа поголемиот дел од градоначалниците од Скопскиот и Североисточниот плански регион, повеќе професори и експерти, како и претставници од УНДП и невладини организации. Дебати веќе се одржаа во Битола, Штип и Гостивар.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk