Home » Заврши средбата Мицкоски – Таравари

Заврши средбата Мицкоски – Таравари

by Журнал.мк

Заврши средбата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари, која, како што информираат од Владата за медиумите, поминала во конструктивен дух. Разговорите продолжуваат и во текот на месецов ќе се знае иднинатата за функционирањето на АА. Премиерот Мицкоски на средбата ги потврдил претходно изнесените позиции.

Мицкоски денеска соопшти дека на средбата сака да слушне која опција ја избира Таравари – „патот на реформи и владеење на правото, борба за праведно општество и институции кои функционираат“ или ќе им се придружи на „оние политички сили кои со години ја криминализираат и уништуваат државата“.

Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Штип, Мицкоски рече дека „со или без господинот Таравари Владата е стабилна, цврста и со големо мнозинство“ и оти останува на него и неговите сопартијци да одлучат за една од двете опции.

Како што рече, „заткулисни игри се провидни игри, лесно се идентификуваат и познаваат и најчесто им се удираат од глава на оние кои што ги прават“. Мицкоски во вчерашната изјава, кога ја најави средбата со Таравари, рече дека сака јасно да слушне „ дали е точно дека има договор помеѓу партијата на Таравари и ДУИ“ за поддршка на изборите, порачувајќи дека за него тоа е неприфатливо.

Арбен Таравари, пак, во Тетово изјави дека остануваат на одлуката донесена на Претседателството на партијата на Локалните избори во октомври да настапат со посебни советнички листи „и најверојатно сопствени кандидати за градоначалници во општините каде што излегуваат“, но дека ќе го слушне и ставот на премиерот по што ќе проценат како Алијанса ќе продолжи понатаму.

Средбата следува по превирањата и во коалицијата Вреди во која учествуваше АА на Таравари откако другите три партнерски партии не се согласија тој на изборите да настапи со посебни советнички листи. Тие го обвинија дека преговара со лидерот на ДУИ Али Ахмети и дека самиот се исклучил од Вреди. Во меѓувреме, трите партии од Вреди (Алтернатива, Беса и Демократско движење) објавија дека коалицијата ќе дејствува како еден политички субјект.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk