Home » Завршија првите натпревари од новата ЛШ со победи на Јувентус и на Астон Вила

Завршија првите натпревари од новата ЛШ со победи на Јувентус и на Астон Вила

by Журнал.мк

Одиграни се првите два натпревари од новата ЛШ, во кои нема повеќе групи, туку сите 36 екипи играат во една лига.

Честа да отворат нов систем на натпреварување ја имаа Јувентус и ПСВ односно Јанг Бојс и Астон Вила, а двата меча завршија со убедливи победи.

Јувентус го победи ПСВ со 3:0. Кенан Јилдиз го доведе тимот на Тиаго Мота во водство со прекрасниот гол во 21. минута, а Вестон Мекени само шест минути подоцна зголеми на 2:0.

Николас Гонзалес во 52. минута погоди за 3:0, а Исмаел Саибари го ублажи холандскиот пораз во судиското надополнување.

Астон Вила победи на гостински терен во главниот град на Швајцарија со 3:0.

Јури Тилеманс стартуваше за Јанг Бојс во 27. минута, а Џејкоб Ремзи 11 минути подоцна погоди за 2:0.

Стрелец на конечниот гол беше Амаду Онана во 86. минута.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk