6.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Завршен концерт на културно-уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ” од Теарце

Најчитани вести

Културно-уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ” од тетовско Теарце го одржа традиционалниот новогодишен концерт како завршен настан за претставување на членовите во повеќето секции.

Пред публиката во салата во училиштето во Теарце настапија членовите на сите три секции – играорна, пејачка и три драмски групи.

– И оваа година го збогативме нашиот репертоар со ора и песни од повеќе предели во Македонија. Публиката имаше можност да ги проследи младите таленти, вљубеници во орото и песната, бидејќи имаа што да покажат и имаме што да научиме од нив кога станува збор за начинот на негување и зачувување на традиционалната музика и игра, изјави Сашо Костадиновски, етнокореолог и уметнички раководител на КУД „Кирил Пејчиновиќ” од Теарце.

Во октомври КУД „Кирил Пејчиновиќ” беше на „Саем на стари занаети, обичаи и гужваријада” во Даљ, Хрватска, каде што настапи со песни и кореографии. Во мај во Теарце се реализираше манифестацијата „Денови на Кирил Пејчиновиќ” со гостување на четири други друштва. /МИА

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com