Home » Затворски казни за петмина обвинети во случајот „Синџир“

Затворски казни за петмина обвинети во случајот „Синџир“

by Журнал.мк

Затворски казни изрече Основниот кривичен суд Скопје за обвинетите кои вчера признаа вина во предметот „Синџир“, кој се однесува на даночно затајување. Тие се обвинети за „злосторничко здружување“, „перење пари“ и „даночно затајување“.

Првообвинетиот Сашо Вучков доби две и пол години казна затвор, неговиот татко две години казна затвор и 1.000 евра казна, додека мајката на првообвинетиот доби година и единаесет месеци затворска казна и уште 1.000 евра казна.

Останатите двајца обвинети, кои признаа вина, добија по две години затвор и по 1.000 евра казна. Само еден од шестмината кои вчера пред Судот признаа вина, доби условна казна затвор.

За шест фирми чии застапници, исто така, вчера признаа вина судот изрече парични казни, но и забрани за учество во јавни повици и концесии.

Случајот „Синџир“ во кој обвинети беа над триесетина физички и правни лица се однесува на даночно затајување од околу 8 милиони евра. За останатите 11 обвинети кои не признаа вина постапката продолжува.

Претходното Јавното обвинителство соопшти дека со шестмина осомничени и шест кривично одговорни правни лица во случајот „Синџир“ биле постигнати спогодби, со кои вратени се безмалку 1.000.000 евра во државниот буџет.

Истражната постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица беше започната на 30 октомври 2023 година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More