Home » Затвореничка од Идризово: Го убив сопругот на спиење со токмак

Затвореничка од Идризово: Го убив сопругот на спиење со токмак

by Журнал.мк

Осуденичката Анита Стојова од женското одделение на Идризово во ТВ-прилог на Алфа рече дека го убила сопругот со токмак додека спиел, затоа што не знаела што ја чека кога ќе се разбудел.

Тетовчанката вели дека 12 години трпела домашна тортура, а дека во последниве три години се чувствува подобро и побезбедно иако е во затвор.

42-годишната вели дека ниту една институција не преземала ништо во врска со нејзиниот случај иако пријавувала.

Таа првостепено била осудена на 5 години, но откако обвинителството се пожалило за казната и тврди дека таа со умисла го убила сопругот, Апелација ја досудува на 8 години затвор.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More