Home » „Заспавме пред новогодишната ноќ, но таа не се разбуди“: Партнерот на Џоселин Вилденштајн ги опиша нејзините последни моменти

„Заспавме пред новогодишната ноќ, но таа не се разбуди“: Партнерот на Џоселин Вилденштајн ги опиша нејзините последни моменти

by Lina Muslija

Џоселин Вилденштајн, позната по прекарот „жена мачка“, почина на 84-годишна возраст. Нејзиниот долгогодишен партнер Лојд Клајн ја потврди тажната вест за францускиот магазин „Пари мач“, откривајќи дека

Џоселин починала од белодробна емболија во Париз.Сега, нејзиниот партнер, Лојд Клајн откри детали за последните моменти со неговата свршеница Џоселин. Имено, Клајн (57) за „Пипл“ открил дека бил со својата сакана непосредно пред нејзината смрт на новогодишната ноќ.

Вилденштајн, која го доби прекарот „Жена мачка“ поради естетските операции кои го променија нејзиниот изглед низ годините, починала „мирно“ во сон, изјавил нејзиниот долгогодишен партнер.

„Истата вечер добро се забавувавме и се подготвувавме за новата година и дремнавме само за да изгледаме убаво пред да се облечеме“, се присетил Клајн.

„Дремевме и кога се разбудив реков: ‘Џоселин, мора да се разбудиме, мора да се облечеме’, но кога ја допрев беше ладно, почината. Многу е тажно. Тоа е крајно тажно. Исклучително е тажно да лежам со мојата друга половина, која ја познавам 21 година и да чекам да ја прославам Новата година и да ја најдам мртва“, продолжил францускиот моден дизајнер.

Џоселин претходно живееше луксузен живот благодарение на бракот со Алек Вилденштајн, познат трговец со уметнички дела. Нивниот развод по 21 година брак остана запаметен по огромната судска спогодба, во која Џоселин доби повеќе од две милијарди долари. Меѓутоа, денес нејзиното богатство е значително намалено, а според американските медиуми ѝ останале само 10 милиони долари. Често се шпекулира за нејзината финансиска состојба, а многумина веруваат дека Лојд Клајн бил со неа само поради парите и придобивките кои ги донела во неговата кариера. И покрај тоа, парот ги игнорираше овие гласини и уживаше во нивната љубов.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk