Градежен шут и материјали по тротоарите, некои локации во Охрид се претворени во градилиште-инвеститорите засилено градат згради но ги узурпираат јавните површини, го отежнуваат сообраќајот и ја нарушуваат безбедноста на пешаците.
Реакциите се се почести.
Според научната фела контролата мора да биде позасилена и за тоа колку се гради но и на кој начин.Само со редовни инспекции може да се контролира урбанизацијата.
Од Општина Охрид велат дека се запознаени со ваквата состојба и реакциите на граѓаните, на инвеститорите кои узурпирале јавни површини им бил даден рок да ги санираат штетите ,а доколку не го испочитуваат истиот ќе следуваат казни.
Граѓаните сметаат дека Охрид инфраструктурно нема капацитет за ваква градежна експанзија. Инаку последниот попис во 2021 година покажа дека Охрид е втор град во Македонија по број на станови во кои не живее никој, односно според статистиката има 17.820 празни станови или 53 проценти. Но, продолжуваат да се градат нови згради, а квадратот покрај охридското крајбрежје достигна и над 2.500 евра.