Home » Засилен надзор или засилен притисок? Што почна да работи Коцевски во Обвинителството?

Засилен надзор или засилен притисок? Што почна да работи Коцевски во Обвинителството?

by Журнал.мк

Наместо да работи, влезе во војна со колегите кои расчистуваат со криминал и корупција. Државниот обвинител Љупчо Коцевски кој вчера се пофали дека ќе го чешла работењето на обвинителството, што патем му е и негова работа, удри по вишиот обвинител кој е решен да истрае во битката за правда во случајот со милионските бонуси во Специјалното јавно обвинителство.

Станува збор за вишиот обвинител Јове Цветановски кој заработи дисциплинска во истиот ден кога одлучи Организиран кримнал да продолжи да истражува дали законски се наплатени бонусите на СЈО од неверојатни 4,6 милиони евра.

Токму за оваа одлука, Цветановски пред неколку месеци јавно проговори дека бил предупредуван преку својот шеф, да внимава како ќе одлучи. По ова следуваше наредба од Коцевски за вондреден надзор во Вишото обвинителство.

Цветановски во изјава за Алфа вели дека дисциплинската е казна од Коцевски за одлуката да се истражува дали на сцпецијалните обвинители законски им се доделени бонуси од 4,6 милиони народни пари. Тврди дека не ја добил законската можност да се изјасни за наводното нестручно работење.

Ваквиот развој според Цветановски открива кои се вистинските мотиви за дејствувањето на Коцевски кој наместо да работи она што треба да го работи, очигледно сака да расчистува со непослушните.

Случајот со бонусите во СЈО уште во 2019 година го отвори Државниот завод за ревизија и тогашниот состав на Антикорупциска. Обвинителите на Катица Јанева заработија прекршочни пријави дека наплатиле 4,6 милиони евра за почитување на тајност, а ВМРО-ДПМНЕ како тогашна опиозиција поднесе кривична пријава до Организиран криминал. Според пријавата, екс специјалната обвинителка Јанева неосновано исплатила бонуси на обвинителите кои се движеле од 70 до 100 илјади евра, како и на вработените и соработниците на тогашното СЈО.

Лани во декември Организиран криминал на чело со Ислам Абази ја отфрли пријавата. По ова, ВМРО ДПМНЕ вложи жалба до Вишото обвинителство.

Одлуката на Цветановски пред да биде донесе предизвика јавно препукување меѓу обвинителите како и обвинувања за закани и притисоци врз нивната работа. На потег сега е Организиран криминал кој треба да продолжи да го истражува случајот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk