10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Засега без решение за децата мигранти во Грција

Најчитани вести

Европската унија и натаму бара решение за мигрантите кои остануваат заглавени во камповите во грчките острови. Токму затоа опозицијата во Германија побара таа земја да ги прифати барем децата мигранти поради тешките услови со кои се соочуваат во камповите. Во меѓувреме турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно се закани од нов бран мигранти од Сирија.

Официјални претставници на германската влада го отфрлија повикот на опозицијата унилатерално да ги презема децата мигранти заглавени во преполните кампови на грчките острови.

Портпаролот на владата Улрике Демер изјави дека Германија сака да помогне во подобрување на животните услови на сите засегнати страни, но додаде:

„Бараме европско решение за во иднина … и Германија не може да го направи тоа еднострано“.

Роберт Хабек, ко-лидер на партијата „Зелени“, во интервју за весникот „Франкфуртер алгемајне Зонтагцајтунг“ рече дека „е императив на човештвото да помогне брзо“ и да спаси околу 4 илјади деца од камповите.

Тој истакна дека некои германски држави соопштиле оти се подготвени да помогнат и веруваат дека Германија треба да го стори тоа дури и ако другите европски земји не прифаќаат мигранти.

Според договорот од 2016 година меѓу Европската унија и Турција за запирање на приливот на мигранти во Европа, оние што пристигнуваат на грчките острови од блискиот турски брег се држат во островските кампови во очекување на депортацијата, освен ако успешно не аплицираат за азил во Грција.

Договорот, заедно со зголемувањето на новите пристигнувања годинава, доведе до влошување на условите во преполнетите кампови на источните острови на Егејот.

Грчката влада вети дека ќе пресели околу 20 илјади луѓе од островите и во другите објекти за мигранти и бегалци на копното до почетокот на 2020 година.

Во меѓувреме, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја не може да се справи со нов бран мигранти од Сирија.

Тој предупреди дека европските земји ќе го почувствуваат влијанието на ваквиот прилив доколку не се запре насилството во северозападниот дел на Сирија.

Според него, околу 80.000 луѓе поради борбите во Сирија почнале да мигрираат кон турската граница.

„Турција нема да носи таков миграциски товар сама. Негативното влијание на притисокот врз кој ќе бидеме подложени ќе биде нешто што ќе го почувствуваат и сите европски нации, особено Грција“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com