Home » Заседаваше Комисијата за заразни болести, но нема нови мерки и препораки

Заседаваше Комисијата за заразни болести, но нема нови мерки и препораки

by Журнал.мк

По празничниот одмор во кој се регистрира и најновиот корона бран со рекорни заразени за еден ден од почетокот на пандемијата, Комисијата за заразни болести денеска конечно се состана.

Ама наместо заклучок, членовите се договориле деновиве повторно да дискутираат за евентуални мерки и измени во корона правилниците. Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека експертите зборувале за продолжување на зимскиот распуст на учениците, ама и за кратење на периодот на изолацијата на асимптоматските случаи.

-Комисијата за заразни болести ја разгледуваше и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата.-Министерството за здравство.

Со оглед на сериозниот скок на епидемиолошката крива, Канал 5 побара став и изјава од Претседателот на Комисијата за заразни болести, но одговор не добивме.

Комисијата за заштита од заразни болести, за јавноста, како да ги преспа последните два ковид брана. Првиот човек на Комисијата Жарко Караџовски последно образложение за тогашната состојба и вирусот даде пред 9 месеци, во интервју токму на Канал 5. Од тогаш до сега, иако се уште сме во пандемија ниту другите членови на ова советодавно тело, кои инаку заседаваат зад затворени врати токму во оваа зграда, не сакаат јавно да говорат. Па граѓаните за експертските размислувања и одлуки се информираат само преку соопштенија.

Претходно, Министерот Филипче ги парафразираше одлуките на Комисијата, а бидејќи денеска не сакаше да го направи тоа, за став во однос на транспарентноста на Комисијата го прашавме неговиот наследник Беким Сали. Тој телефонски разговор ни појасни дека допрва ќе ги разгледува сите состојби во здравството, а заклучоците на Комисијата ќе ги бара и на увид. Засега, пред официјално да биде назначен не сака ништо да коментира.

Инаку, во земјите од регионот и светот најгласни се епидемиолозите кои со своите научно потврдени информации и анализи на кривата даваат совети за тоа каква стратегија за пандемијата треба да примени во даден момент. Додека неделава допрва ќе се дискутира дали ни требаат мерки, регионот веќе ги спроведува. Една од нив е Албанија каде има и полициски час, а најновото задолжение на вработените во јавната администрација, ама и оние во трговските центри и маркетите е да доставуваат сертификати со две дози вакцина, или негативен ПСР тест не постар од пет дена.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More