Пред неколку дена познатата српска старлета Сораја Вучелиќ на својот профил на Инстаграм сподели неколку видеа на кои друштво и прави атрактивната скопјанка – Оле Петрова.
Сораја и Оле се дружат од неодамна, а како што вели Оле, нивното запознавање било случајно и од тогаш, па наваму тие две се неразделни.
Атрактивната Оле пред неколку дена и беше гостинка на Сораја во Белград, каде си поминале лудо и незаборавно.
– Одлично си поминав во Белград со Сораја. Таа е прекрасна личност, пред сè нормален човек. Бевме во повеќе дискотеки и ресторани во Белград и се договоривме сега таа да дојде во Скопје и да си поминеме исто така убаво – ни изјави Оле, која инаку се занимава со моделинг.