На самиот почеток е периодот на цветањето на дрвата со што започнува и сезоната на алергии. Најчесто пациентите се алергични на поленот кој е застапен во воздухот овој период од годината. Како што посочуваат лекарите најчесто пациентите кои се алергични на полен знаат за тоа, и потребно е навремено да ја земаат својата терапија со цел да превенираат.
„Имаме пациенти кои се преосетливи на полен и има појава на алергиски реакции. Тие пациенти не се нови, туку тие си знаат дека имаат проблеми од поленот. Првична симптомалогија кај нив е течење на нос, сува и надрзнителна кашлица, кивање, печење и солзење на очите. На оваа симптоматологија можже лесно да се превенира доколку пацеинтите навремено си ја земаат терапијата.“ – вели Наков.
Лекарите апелираат до пациените кои се алергични на полен да не се движат на места каде има повеќе дрва или цветови, како на пример на пешачката патека во Штип. Доколку мораат во тој случај може да се заштита со носење на маски.
„Да избегнуваат места кои се пренаселени со дрва и со цветови, како на пример пешачката патека покрај река Брегалница. Изложувањето на такви места ќе ги зголеми симптомите. Доколку некои луѓе мора да се изложени на места со дрва и цветови може да се превенира и со носење на заштитни маски“ – додава Наков.
Алергиите најчесто не се преносливи. Тоа преставува индивидуално здравствена сосотојба која не е заразна.