6.8 C
Skopje
12 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЗапочнува реализацијата на проектот за градски воз во Скопје - градот добива...

Започнува реализацијата на проектот за градски воз во Скопје – градот добива нов еколошки и модерен транспортен систем

- Advertisement -spot_img

Градскиот воз, еден од најзначајните инфраструктурни проекти за главниот град, е во завршна фаза и ќе биде целосно функционален за шест месеци. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николоски и директорот на Македонски железници Синиша Ивановски, денес извршија увид во текот на градежните работи.

Според Ѓорѓиевски, воведувањето на градскиот воз ќе претставува современа, брза и еколошка алтернатива за движење низ метрополата. Жителите од Драчево ќе можат да стигнат до центарот на градот за само 11 минути, додека патувањето од Зелениково ќе трае околу 25 минути.

„Ова значи побрз превоз, намалено сообраќајно оптоварување и почист воздух. Овој проект е инвестиција во здравјето и квалитетот на живот на граѓаните“, истакна градоначалникот.

Град Скопје активно учествува во реализацијата на проектот преку координација на градскиот автобуски систем со железничките линии. Најавено е усогласување на возниот ред, со што ќе се обезбеди непречено и брзо поврзување на различни делови од градот.

Ова е прва фаза од проектот. Во наредниот период се предвидува проширување на линиите кон Ѓорче Петров и Миладиновци.

Ѓорѓиевски упати благодарност до сите институции вклучени во процесот, со посебен акцент на премиерот Мицкоски.

„Ова е пример како се работи одговорно, посветено и во интерес на народот. Доаѓа време кое нема само да го чекаме – туку ќе го живееме“, додаде тој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img