Home » Започнува контроверзниот проект за создавање вештачка човечка ДНК

Започнува контроверзниот проект за создавање вештачка човечка ДНК

by Lina Muslija
Започната работата на контроверзен проект за создавање градежни блокови на човечкиот живот од нула, за кој се верува дека е прв од ваков вид во светот.

Досега истражувањето беше табу-тема поради загриженоста дека може да доведе до „дизајнирани“ бебиња или до непредвидени промени за идните генерации.

Сепак, најголемата светска медицинска добротворна организација, Wellcome Trust, веќе додели почетни 10 милиони фунти за почеток на проектот и изјави дека тој има потенцијал да донесе повеќе добро отколку штета, преку забрзување на лекувањето на многу неизлечиви болести, пишува BBC.

 

Доктор Џулијан Сејл од Молекуларната лабораторија при Советот за медицински истражувања (MRC) во Кембриџ, кој е дел од проектот, за BBC News изјави дека ова истражување претставува следниот голем скок во биологијата.

„Небото е граница. Истражуваме терапии што ќе им го подобрат животот на луѓето како што стареат, со цел поздраво стареење и помалку болести во подоцнежните години од животот.“

Критичарите се загрижени дека ова истражување отвора пат за бескрупулозни научници кои сакаат да создадат подобрени или модифицирани луѓе. Доктор Пат Томас, директор на кампањата Beyond GM, вели:

„Сакаме да веруваме дека сите научници работат за општо добро, но науката може да се пренамени за нанесување штета и дури за војување.“

Деталите за проектот беа објавени за BBC News по повод 25-годишнината од завршувањето на Проектот за човечкиот геном, кој го мапираше молекуларниот состав на човечката ДНК и кој исто така беше главно финансиран од Wellcome.

Секоја клетка во нашето тело содржи молекула наречена ДНК, која ги носи генетските информации потребни за нејзино функционирање. ДНК е составена од само четири помали градежни елементи, наречени A, G, C и T, кои се повторуваат постојано во различни комбинации.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk