25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Започна вакцинацијата во Холандија

Најчитани вести

Холандија денеска започна со вакцинација против коронавирус, скоро две недели по повеќето земји од Европската унија, а здравствените работници први ќе ја добијат заштитата.

Сана Елкадири, медицинска сестра во домот за лица со деменција, прва ја прими вакцината на Фајзер / Бионтек. Холандската влада е под жестока критика дека доцни со вакцинацијата.Премиерот Марк Руте во вторникот пред парламентот рече дека властите се фокусирале на вакцината на Оксфорд и Астразенека, која е лесна за употреба, но сè уште не е одобрена во ЕУ, а не на вакцината на Фајзер / Бионтек. Оваа вакцина е потребно да се чува на екстремно ниски температури и е единствена којашто досега е одобрена во ЕУ.

Европската агенција за лекови денеска ќе разгледува уште една вакцина направена од Модерна.

„Многу сум разочаран што заостануваме две недели од другите земји“, рече холандскиот премиер. Во Холандија, скоро 12.000 луѓе починаа од ефектите на коронавирусот од почетокот на пандемијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести