Home » Започна снимањето на долгометражниот игран филм „Трампи“ во режија на Ѓорче Ставрески

Започна снимањето на долгометражниот игран филм „Трампи“ во режија на Ѓорче Ставрески

by Журнал.мк

На 25 септември 2024 година, започна снимањето на долгометражниот игран филм „Трампи“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески, а во продукција на Фрагмент Филм. Филмот ќе се снима на повеќе локации во Скопје во наредните месеци, во период од 38 дена.

Ова е втор долгометражен игран филм на Ставрески, кој по големиот успех на „Исцелител“, снима нова, сосема поинаква, но подеднакво интересна приказна.

Главните улоги во филмот ги играат Сергеј Димовски и Стефанија Начевска. Во останатите улоги се: Александар Микиќ, Игор Ангелов, Петар Мирчевски, Душица Настова, Наум Ѓоргиевски, Ана Димитрова, Григор Јовановски и многу други.

Директор на фотографија на „Трампи“ е Дејан Димески, сценограф е Симо Бранов, костимограф Жаклина Крстевска, шминка и маска Јасмина Лилиќ од Р. Србија, дизајнер на звук Лука Шуто од Р. Чешка. Кастинг директор е Билјана Драгиќевиќ Пројковска. Продуценти на филмот се Ивана Шекуткоска и Ѓорче Ставрески, копродуцент е Алзбета Јаначкова.

Филмот е поддржан од Агенција за филм на Р.С. Македонија и Чешки филмски фонд.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk