Манифестацијата „Денови на турската кинематографија“ започна синоќа со презентација на филмови во Скопје и во Штип, известува Анадолу.
Амбасадорот на Република Туркије во Скопје, Фатих Улусој, сопственикот на киното „Киноверзум“, Јордан Ѓорчев, претставници на турски институции и организации и љубители на филмската уметност синоќа присуствуваа на проекцијата на филм во киното „Киноверзум“ во Скопје.
Во своето обраќање амбасадорот Улусој истакна дека организираат разни настани по повод 101-годишнината од формирањето на Република Туркије и наведе дека еден од нив се „Денови на турската кинематографија“.
Заблагодарувајќи му се на „Киноверзум“ што ги споделил своите киносали во Скопје и во Штип за четири вечери по повод овој настан, амбасадорот Улусој рече:
„Со поддршка на нашето Министерство за култура и туризам, во текот на четири вечери на љубителите на кинематографијата ќе им бидат претставени четири турски филма, меѓу кои два филма се на еден наш светски познат режисер.“
Амбасадорот Улусој на љубителите на кинематографијата им посака пријатна проекција.
Сопственикот на киното „Киноверзум“, Ѓорчев, изрази задоволство што се домаќини на една ваква манифестација по повод 101-годишнината од Република Туркије.
Зборувајќи дека секогаш сакаат да ги поддржуваат културните настани поврзани со пријателските земји како Туркије, Ѓорчев рече:
„Се надеваме дека манифестацијата ќе стане традиција. Настанот го одржуваме во две кина, а се надеваме дека следната година сите четири киносали ќе бидат максимално исполнети.“
Настанот се организира по повод 29 Октомври – Ден на Република Туркије, во рамките на прославата на 101-годишнината од формирањето на Република Туркије.
На манифестацијата „Денови на турската кинематографија“, организирана под покровителство на Одделот за култура и промоција на Туркије при турската Амбасада во Скопје, во периодот од 28 до 31 октомври 2024 година ќе бидат прикажани неколку филмови во период од четири дена.
На проекцијата во киното „Киноверзум“ во Скопје и во Штип кинољубителите имаат можност да проследат четири турски филма.