6 C
Skopje
Sunday, May 9, 2021

Започна Ледениот фестивал: Погледнете го спектакуларниот леден град (ФОТО)

Најчитани вести

Ледени кули, снежни лавиринти, кристални палати… сето ова ги воодушевува посетителите на кинескиот фестивал на мраз во градот Харбин, на северо-исток, и оваа година.

Подготовките за овој фестивал, кој обично се одржува секоја година, траат неколку недели.

Вредните работници ископаа тони и тони мраз од површината на реката Сонгхуа за да обезбедат материјал.

На отворањето на фестивалот, огромен леден цвет ги остави посетителите без здив.

Оние кои планираа да дојдат на Ледениот фестивал, оваа година мораа да го покажат „здравствениот код“ на специјално изработена апликација, известува Индекс, како и да се подложат на мерење на температурата пред да влезат, за да бидат почитувани сите епидемиолошки мерки за заштита од коронавирусот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести