Home » Запленет кокаин вреден над милион евра во грчко пристаниште

Запленет кокаин вреден над милион евра во грчко пристаниште

by Журнал.мк

Грчките власти заплениле кокаин вреден повеќе од милион евра, кој бил скриен во контејнер за банани, соопшти денеска Крајбрежната стража. Околу 35 килограми кокаин биле запленети во Пирејското пристаниште, а пратката била од Еквадор.

Грчките власти во мај соопштија дека разбиле меѓународна криминална група која тргувала со кокаин, пренесувајќи го во контејнери од Латинска Америка во Европа. Неколку дена подоцна, запленети беа повеќе од 109 килограми кокаин скриени во контејнер со замрзнати лигњи на брод во пристаништето Пиреја.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More