Home » Заменикот кој се сликаше со убиена мечка Сашо Дранго поднесе оставка, во ДКСК не ја пријавил пушката

Заменикот кој се сликаше со убиена мечка Сашо Дранго поднесе оставка, во ДКСК не ја пријавил пушката

by Журнал.мк

Сашо Дранго е разрешен од функцијата заменик-директор на ЈП „Македонија пат“, а на негово место е назначен Александар Шуковски, економист од Ресен. Досега нема официјално известување за смената од претпријатието и на веб сајтот се уште стои негова слика. На почетокот на годината за Дранго беа објавени фотографии на кои се гледа како тој со пушка држи мртва мечка.

Дранго во изјава за Телма тогаш тврдеше дека мечката настрадала во сообраќајна несреќа и тој бил повикан како заменик директор да ја тргне од патот во битолско. МВР пак соопшти дека немало пријавена таква сообраќајка во посочениот период.

Дранго имал и судска забрана за поседување и носење оружје поради учество во инцидент.

Битолското обвинителство отвори истрага за случајот и Дранго веќе бил повикан и дал исказ. Преземени се и други истражни активности. Дранго кој беше избран лани во јули доставил имотен лист во Антикорупциска на почетокот на февруари оваа година односно по законскиот рок од 30 дена за поднесување анкетен лист.

Од ДКСК ни одговорија дека за тоа „досега не е оформен предмет за ова лице, но вашето прашање ќе го земеме како информација и ќе постапиме соодветно по што ќе ве информираме.“ Во анкетниот лист не е пријавено оружје што значи дека пушката на фотографијата не е негова и е направен прекршок на Законот за оружје.

На местото на Дранго за нов заменик директор е поставен Александар Шукоски кој ја објави информацијата на фејсбук.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk