Home » Заменик-министерот Ристески ја предводи македонската делегација на Четвртиот China-CEEC Expo 2025 во Нингбо

Заменик-министерот Ристески ја предводи македонската делегација на Четвртиот China-CEEC Expo 2025 во Нингбо

by Журнал.мк

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески е предводник на македонската делегација која учествува на Четвртиот саем за соработка на Кина со државите од Централна и Источна Европа за размена на стоки и трговија (China-CEEC Expo 2025), која од 22 до 25 мај се одржува во градот Нингбо.

Покрај Ристески, македонската делегација е составена со претставници од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и 14 македонски компании кои учествуваат на саемот.

Саемот China-CEEC Expo 2025 годинава се одржува со насловот „Нова визија за иднината“, во неговите рамки ќе се одржат повеќе од 100 посебни настани, а целта е развивање на трговската соработката помеѓу Кина и државите од Централна и Источна Европа, како и презентирање на можностите за инвестирање.

Во рамки на посетата Ристески оствари средба со заменик министерот за трговија на НР Кина задолжен за надворешна трговија, г-дин Линг Џи (Ling Ji), каде разговараа за досегашната економска соработка помеѓу двете држави.

Заменик-министрите се согласија дека економската соработката помеѓу двете земји е на високо ниво и дека постои голем потенцијал и можности за проширување на истата. Тие се заложија дека активно ќе работат во насока на зајакнување на комуникацијата за стабилен развој на економските и трговските односи помеѓу двете држави.

Механизмот за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕК) постои од 2012 година и досега даде одлични резултати, а на последните три саеми повеќе од 3.000 компании од ЦЕИ ги претставија нивните производи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk