Home » Заменик-министерот Димитровски на конференција на иницијативата „Три мориња”

Заменик-министерот Димитровски на конференција на иницијативата „Три мориња”

by Журнал.мк

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски денеска во Варшава учествувал на конференција на иницијативата „Три мориња” организирана од The Opportunity, Институт за надворешни работи од Полска.

Димитровски истакнал дека „Македонија, како и другите земји од Западен Балкан треба да станат дел од Иницијативата „Три мориња”, како комплементарна интеграциска алатка за полноправно членство во ЕУ“.

-Рутите на иницијативата „Три мориња” од Балтикот до Јадранот, Медитеранот и Црното Море, минуваат токму низ земјите од Западен Балкан и Северна Македонија, преку коридорите 10 и 8. Балканот и Македонија не може и не смее да се заобиколат доколку на Европската Унија и е значајна безбедноста на континентот, зашто тие се во европскиот двор, а најдобриот начин за траен мир и во овој дел од регионот е силен економски развој кој не е можен без инвестиции во инфраструктурното поврзување, изградбата автопатишта, брзи пруги, гасоводи, енергетски и дигитални врски, истакнал Димитровски.

Иницијативата „Три мориња” поврзува 13 земји членки на ЕУ од регионот на Балтикот, Јадранот и Црното Море (Австрија, Унгарија Словенија, Хрватска, Полска, Чешка, Словачка, Литванија, Естонија, Латвија, Романија, Бугарија, Грција) и партнерите САД, Германија и Јапонија и создадена е за да обезбеди посилни транспортни, комуникациски, енергетски и дигитални врски на земјите членки со Западна Европа.

Партнери на иницијативата се и Украина и Молдавија, како и Албанија и Црна Гора. Самитот на шефови на држави или влади на иницијативата се одржува утре и задутре во Варшава.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk