Home » Законски измени за трансформација на министерствата ќе бидат поднесени следната недела

Законски измени за трансформација на министерствата ќе бидат поднесени следната недела

by Журнал.мк

Во понеделник група пратеници од новото владејачко мнозинство се очекува да ги поднесат законските измени во Собранието преку кои се планира формирање нови и трансформација на постоечките министерства.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, вчера најави дека на првата седница што ќе ja закаже, уште пред формирањето на Владата, ќе се најдат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства.

Исто така, на дневен ред би можеле да се најдат и измени со кои ќe се избегнат предвремени избори за градоначалници.

За измените на овие системски закони потребно е двотретинско мнозинство.

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ предвидени се министерство за економија и труд, министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, министерство за социјална политика, демографија и млади, министерство за спорт, министерство за култура и туризам, како и министерство за дигитална трансформација.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More