Home » Законот вели дека не може да има два опозициски субјекти во состав на Владата: Џафери го образложи предлогот за разрешување на министрите Алиу и Меџити

Законот вели дека не може да има два опозициски субјекти во состав на Владата: Џафери го образложи предлогот за разрешување на министрите Алиу и Меџити

by Журнал

Премиерот Џафери на собраниска седница се обрати пред пратениците и го образложи предлогот министерот Азиру Алиу да биде разрешен од функцијата министер за информатичко општество и администрација и министерот Фатмир Меџити да биде разрешен од функцијата министер за здравство.

„Законот вели дека не може да има два опозициски субјекти во состав на Владата, тоа е основната причина зошто се предлага ова разрешување. Ова е мое право, одлуката се носи од парламентот“, посочи Џафери.

Воопшто не станува збор за нивната стручност и професионалност кон што имам исклучителна почит, рече денеска техничкиот премиер Талат Џафери пред пратениците.

Премиерот на техничката Влада Талат Џафери осврнувајќи се на предложените промени во нејзиниот состав, истакна дека Владата функционира целосно, непречено и во рамки на надлежностите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More