18 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Закон за одбрана, Пендаровски во одбрана на измените

Најчитани вести

Името на армијата на земјата не зависи од политичките чинители, туку е прашање што се утврдува со Устав. Така вели Претседателот, Стево Пендаровски, кој додава дека штом името на државата е Северна Македонија, државните институции, вклучително и војската, се од Северна Македонија. Пендаровски истакнува дека е неоснован отпорот на опозициската ВМРО ДПМНЕ да не гласа за измените на законот за одбрана, со кои меѓу другото се врши преименување на Армијата на Македонија во Армија на Северна Македонија.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, исто така, очекува опозициската ВМРО ДПМНЕ целосно да го поддржи Законот за одбрана, со оглед на клучната важност за интеграцијата на земјата во НАТО. Шекеринска очекува ВМРО-ДПМНЕ да разбере дека усвојувањето на законот е и и во корист на партијата.

Од друга страна, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски рече дека од ВМРО-ДПМНЕ сè уште нема никаков сигнал дека ќе го поддржи овој важен закон за интеграција на земјата во НАТО. Митревски рече дека за усвојување на овој закон се потребни 2/3  во Собранието, така што тој нема да биде ставен на дневен ред пред да се обезбеди потребната поддршка.Со законот се предлага усвојување на  Петтиот протокол со кој се предвидува премин од индивидуална одбрана во колективна одбрана што значи дека нападот на една земја ќе се мета како колективен напад врз Алијансата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести