Home » Закажано ново рочиште за смртно прегазената Теодора

Закажано ново рочиште за смртно прегазената Теодора

by Журнал.мк

За денеска во Основниот суд во Тетово е закажано судењето за Теодора Ристовска, која во 2022 година, на 22 години, го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Судијата го одложи минатото рочиште и како што информираше, причина е тоа што не е присутен обвинетиот, како и неговиот бранител.

По сообраќајната несреќа во август 2022 година, првото судење почна скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември 2023 по признавање на вина на возачот, бил осуден на три години и шест месеци затвор. Обвинетиот поднесе жалба до Апелацискиот суд во Гостивар. Како резултат на ова, Апелацискиот суд ја намали казната на две години затвор. Тој поднесе барање за преиспитување на пресудата пред Врховниот суд, кој одлучи да ги укине пресудите на Основниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење. Возачот не одлежал ниту еден ден затвор, иако несреќата се случи пред речиси три години.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk