Home » Захариевски: Вардар може повеќе и подобро, фудбалерите треба да веруваат во себе!

Захариевски: Вардар може повеќе и подобро, фудбалерите треба да веруваат во себе!

by Lina Muslija

Тренерот на Вардар, Срѓан Захариевски потенцираше дека тие на секој натпревар ќе одат на победа, а ако фудбалерите добијат на самодоверба ќе дојдат и резултатите.

Вардар против Гостивар го одигра најдобриот натпревар оваа сезона, тоа беше и деби на клупата на Срѓан Захариевски кој има задача да го стави тимот во подобар колосек.

„Од првиот ден кога дојдов кажав дека на секој меч ќе одиме на победа и ќе се бориме максимално. Вардар може повеќе и подобро. Кога играчите ќе сфатат дека можат да се натпреваруваат со сите, ќе направиме повеќе. Фудбалерите сега немаат голема самодоверба, кога ќе дојдат победите, вербата ќе се зголемува и Вардар ќе почне да игра поквалитетно“, вели Захариевски.

„Ние на секој меч ќе играме агресивно и ќе се бориме, треба и да поминеме повеќе време заедно и се надевам дека како ќе одминуваат мечевите така ќе играме се подобро“.

Вардар денеска заминува во карантин со цел во мирна атмосфера да се подготви за утрешниот куп натпревар против Новаци кој го игра на гостински терен.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk