Home » Захариевски си пронајде нова работа во ПМФЛ (Фото)

Захариевски си пронајде нова работа во ПМФЛ (Фото)

by Lina Muslija

Фудбалскиот клуб Пелистер на крајот од годината сосема неочекувано се раздели со шефот на стручниот штаб, Влатко Костов, а по четири дена во новата 2025-та, битолчани информираа за ангажман на нов тренер.

Битолската гордост го назначи Срѓан Захариевски за нов предводник на првиот тим, што всушност претставува кам-бек на Срле во клубот во кој веќе работеше како тренер во 2017-та година.

Захариевски забележа позначителни резултати како тренер на Струга и Воска Спорт во последно време, а оваа сезона кратко го водеше и тимот на Вардар.

– Новата година е време за нов почеток за нашиот клуб. Ни претставува особено задоволство да ви го претставиме нашиот нов шеф на стручниот штаб. Срѓан Захариевски денес потпиша договор со ФК Пелистер и официјално беше претставен пред јавноста. Ова е своевидно враќање на Захариевски во Битола, каде работеше во 2017 година.

– 51-годишниот стручњак има забележителни резултати во своите проекти во мак-фудбалот. Со успех ги водеше Металург, Струга и Воска Спорт. Се работи за поранешен репрезентативец на Македонија (22 настапи и три гола), а во играчките денови ги носеше дресовите на Вардар, Силекс, Тетекс, Металург, како и на клубови во Германија, Португалија, Грција. Захариевски ќе прозива на осми јануари, кога започнуваат подготовките за вториот дел на шампионатот на Македонија, – гласи објавата на „зелено-белите“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk