Home » Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија

Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија

by Журнал.мк

Случаите на семејно насилство во Албанија, според официјалната статистика, минатата година, бележат раст од околу 20 отсто споредено со претходната години, иако повеќе од сигурно е дека бројот е многу поголем, бидејќи дел од насилствата не се пријавуваат.

Податоците од 13-те општински надлежни обвинителства, во текот на 2024 година потврдуваат дека се регистрирани над 1600 кривични постапки, со над 1200 обвинети или со пораст од околу 20 отсто во однос на 2023 година

Во извештајот на државниот обвинител Олсиан Чела евидентно е дека криминалната политика за случаите „Семејно насилство“ е остра.

Податоците во извештајот покажуваат дека барањата на обвинителите во однос на безбедносните мерки се остри, каде што над 88 отсто се барања за безбедносни мерки со апсење. За кривичното дело семејно насилство барањето за казнување на обвинетите е 64,56% за определување на затворска казна и 34,44% од барањата се за определување други казнени мерки.

Ниту состојбата со насилството врз малолетници не е ништо подобра. Регистрирани се 722 случаи при што жртви на насилство биле над 740 малолетници, од кои 370 девојчиња а 377 момчиња.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk