Home » Заглавено возило, запушени канализации и поплавени куќи и подруми во Тетовско

Заглавено возило, запушени канализации и поплавени куќи и подруми во Тетовско

by Журнал.мк

Блокиран пат, заглавено возило, запушени канализации и поплавени куќи се пријавени во Регионалниот ЦУК Тетово по обилните врнежи од дожд.

-Добиени податоци за блокиран локален пат за селото Вејце на Шар Планина, како и патот кај тетовската касарна што е преполн со вода и има едно заглавено возило, исто така има запушени канализации во горниот дел од градот и во Голема Речица, а големо количество вода има навлезено во приватни куќи, во дворови и подруми.

Општинскиот кризен штаб е активен и се чека интервенција на кризните места, а од ЦУК, исто така, се запознаени во Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Канализација од Тетово коишто информираа дека дека ќе испратат луѓе на интервенција. Состојбата се следи, соопшти ЦУК.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More