Home » Загинаа најмалку 30 луѓе, меѓу 150 и 200 лица се водат за исчезнати, многу се спасиле искачувајќи се на ридовите

Загинаа најмалку 30 луѓе, меѓу 150 и 200 лица се водат за исчезнати, многу се спасиле искачувајќи се на ридовите

by Журнал.мк

Најмалку 30 лица загинаа откако попушти брана на истокот од Судан, јавија британските медиуми, повикувајќи се на Обединетите нации.

Во инцидентот веројатно има многу повеќе жртви, откако под вода останаа најмалку дваесет села. Како резултат на пукањето на браната, погодени се домовите на околу 50 илјади лица.

Локален функционер за суданската информативна веб-страница Ал-Тагир изјави дека проценува дека има најмалку 60 мртви.

Амр Еиса Тахер, шеф за водни ресурси во провинцијата Црвено Море, рече дека штетата е голема.

Суданската новинска агенција Медамек, повикувајќи се на воената авијација, објави дека меѓу 150 и 200 лица се водат за исчезнати и дека многу селани се искачиле на карпести ридови за да избегаат од надојдените води.

Ѕидот на браната Арбат попуштил во неделата по обилните дождови.

Инцидентот се случи на 40 километри северно од Порт Судан – град на брегот на Црвеното Море, каде всушност е сместена владата на земјата.

Областа веќе е опустошена од граѓанската војна што избувна во Судан во април минатата година.

Случајот потсетува на она што се случи во Либија во септември минатата година, кога илјадници луѓе загинаа во градот Дерна како резултат на уривање на двата ѕида на браната.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More