106
Млад градежен работник загинал денеска при извршување градежни работи во Гевгелија
Градежниот работник Б.Б. (21) од село Орашац, кумановско, починал откако паднал од зграда во изградба на булевар „Гевгелија“ во истоимениот град, соопштија од полицијата.
Увид се врши на местото на несреќата, по кој ќе се знаат причините за смртта на работникот.