Home » Загадувањето на воздухот ги загрижува и жителите од другите градови

Загадувањето на воздухот ги загрижува и жителите од другите градови

by Журнал.мк

По Скопје, загаденоста на воздухот е висока и во Тетово. Првиот човек на општината Билал Касами изјави дека му наредил на инспекторатот да состави акциски план за намалување на загадувањето во Тетово. Касами апелираше до граѓаните што помалку да ги користат своите возила и да го користат јавниот превоз, за да се намали загадувањето.

„Дадов наредба до општинскиот инспекторат за животна средина да направи акциски план во наредните денови и да ги зголеми контролите на загадувачите на воздухот. Секако, ќе ги проверат бизнисите, но и семејствата кои во одредено време може да користат материјали за греење кои можат во голема мера да загадуваат и ќе се преземат мерки“,рече Билал Касами- градоначалник на општина Тетово.

Поради високата загаденост, лекарите препорачуваат дополнителна грижа и носење заштитни маски, со цел да се зачува здравјето.

„Загадувањето на воздухот јасно влијае на здравјето на пациентите, главно со отежнување на процесот на дишење кај лицата со хронични респираторни проблеми кои го отежнуваат дишењето. Имаме дури и зголемени повици за итни случаи поради проблеми на дишните патишта. Во последните денови има интензивен пораст на пациенти кои бараат помош на ова одделение, но и на терен поради отежнато дишење, особено оние кои користат респиратори за да го помогнат дишењето, бидејќи на тоа влијаат и воздухот и температурата“, рече Бесник Мустафаи доктор.

Од Институтот за јавно здравје во Тетово препорачуваат да се избегнува движење во периодот кога воздухот е загаден.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk