На една страна Шар Планина на друга скопска Црна Гора. Овој поглед е возможен само од врвот на Водно, каде и денеска голем број на граѓани „спасот“ го бараа тука.
Акциски план за справување има, а министерството ги потсетува институциите и општините дека треба да работат.
„Имавме состанок за конечни мерки. Првото ќе биде враќањето, така што ќе се обидеме уште еднаш да ја ставиме во функција целосната гасификација на Република Северна Македонија. Ќе се поддржат инвертерите и другите системи, замена на дрва или други грејни средствa. Работиме и кон такси компаниите, да се охрабрат да користат електрични возила“, изјави министерот за животна средина Изет Меџити.
А воздухот смета најчесто кога сте во опозиција.
„ДПМНЕ нема решение ниту политики за намалување на загадувањето. Како одговорна партија СДСМ бара власта ги прифати сетот мерки кои ги предлага СДСМ за борба против загадувањето на воздух и да ги реализира.“, рече Кузеска од СДСМ.
Одговор брзо стигна и од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога СДС предлагаат некои мерки добро е да се информираат, или барем да изгуглаат, па ќе видат дека тие мерки што ги предлагаат како итни, веќе се донесени и се имплементираат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
На мапата на „Бројот на жртви од загадениот воздух низ Европа, Предвремени смртни случаи од изложеност на загаден воздух на 100 илјади жители“, Македонија е на прво место со 255 смртни случаи на 100.000 жители.
Иако Скопје беше на врвот на светските листи по загаденост, не беше исполнет условот за прогласување алармантна состојба и итни мери. За да се случи тоа, треба на најмалку две мерни места да има последователно 2 дена со среднодневна концентрација на РМ10 над 150 микрограми на метар кубен.
Граѓаните спасот го гледаат во најавениот влажен бран кој треба да донесе врнежи од дожд и снег започнувајќи од утре.