Home » Заев за Бутарис за грчката Open TV: Човек кој треба да служи како инспирација за демократски отпор

Заев за Бутарис за грчката Open TV: Човек кој треба да служи како инспирација за демократски отпор

by Журнал.мк

Поранешниот премиер Зоран Заев за грчакта телевизја Open TV изрази сочувство за заминувањето на екс градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.

„Заминувањето на нашиот пријател Јанис Бутарис е крајно тажна и лоша вест за сите нас кои веруваме во постојано и неповратно подобрување на односите меѓу народите на Северна Македонија и Грција.

Како градоначалник на Солун, но и како човек и како демократ, Бутарис беше еден од првите што нѐ охрабри мене и Алексис во нашите напори да ги преземеме вистинските чекори, од Давос па сѐ до Преспа.

Како бизнисмен, тој беше вистински визионер кој ја туркаше агендата за регионална соработка и за заеднички регионален пристап за искористување на сите потенцијали што ги нудат европските фондови.

Јанис беше и голем борец за еднаквост и човекови слободи, човек кој треба да служи како инспирација за демократски отпор во овие времиња кога екстремизмот зема замав. Нека почива во мир, ние демократите ќе го продолжиме неговото дело“ истакна Заев.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk