Home » Заев ги отфрла тврдењата на Села дека шурувал со Груевски и Мицкоски: Зарем има нормален човек кој може да поверува дека би бил против СДСМ?!

Заев ги отфрла тврдењата на Села дека шурувал со Груевски и Мицкоски: Зарем има нормален човек кој може да поверува дека би бил против СДСМ?!

by Журнал.мк

Човек што може да истреска такви забегани и налудничави работи не е достоен ниту да биде тужен од мене. Тој човек другите знаат каков е, ама добро и сам себе да се погледне и да заклучи дали треба или не треба да се занимава се уште со политика. Ако замина и повторно се врати во политика за да зборува вакви небулози, подобро за него ќе беше да не се враќа никогаш повеќе. Кога го читав тоа што го изјавил за мене, си помислив дај Боже да не е човекот ваков од пресилните удари од 27 април 2017, вели поранешниот премиер Зоран Заев за „Фокус“, реагирајќи кон наводите на Зијадин Села за негова поврзаност со бегството на Никола Груевски и со убедливата изборна победа на Христијан Мицкоски.

„Македонија е остров на рационалност ама и океан на лудило и забеганост“ – вака поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев во изјава за „Фокус“ одговара на обвинувањата на Зијадин Села од Европскиот фронт, кој во интервју дека „Фокус“ рече дека Заев му дозволил на Никола Груевски да ја напушти државата поради високиот рејгинг, а на последните избори дејствувал во корист на Христијан Мицкоски да постигне апсолутна победа.

„Колку треба човек да е желен за власт за да може да каже вакви забегани и налудничави работи. Зарем има нормален човек кој може да поверува дека Зоран Заев може да биде против СДСМ? Повеќе од 9 години сум бил претседател на СДСМ и повеќе од 7 години потпретседател на СДСМ. Со мене на чело два пати ја донесовме СДСМ на власт. Нема потреба да потсетувам што се сум поминал јас и моето семејство, како и многу други истомисленици од „раката“ на ВМРО-ДПМНЕ последните 25 години.

Доволно е 27-ми април 2017-та само да го споменам. Човек што може да истреска такви забегани и налудничави работи во само едно интервју не е достоен ниту да биде тужен од мене. Тој човек другите го знаат веќе каков е, ама добро и сам себе да се погледне и да заклучи дали треба или не треба да се занимава се уште со политика. Ако замина и повторно се врати во политика за да зборува вакви небулози, подобро за него ќе беше да не се враќа никогаш повеќе во политика.

Кога го читав тоа што го изјавил за мене, си помислив дај Боже да не е човекот ваков од пресилните удари од вмровците инструирани и организирани од Груевски на 27-ми април 2017-та година. И после 3 години како сум заминат од политика, моето име и името на моето семејство вмровците го напаѓаат повеќе отколку на двајцата претседатели на СДСМ што се после мене“, реагира Заев.

Претходно, Села во интервју за неделникот „Фокус“ истакна дека „држи тезата оти ВМРО е помогната за да постигне апсолутна власт“, а, како што посочи, за жал поддржувачите и членството на СДСМ во овој случај се жртва. Токму по иницијативите за соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, додава тој, бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев бил ставен на „црната листа“ на САД.

-Кога зборувам за овие феномени претпочитам да зборувам за политички збиднувања и јавни изјави во минатото. Дали имаше изјава меѓу Мицкоски и Заев за време на кампањата и дадена рака меѓу нив дека ќе направат коалиција по изборите меѓу ВМРО и СДСМ со исклучување на албанскиот политички фактор? Тоа се случи во студио за време на кампања, 2020 година. Тоа е најава.

Потоа проструи, исто така, една информација по медиумите дека треба да се направи коалиција меѓу ВМРО и СДСМ, со исклучување на ДУИ додека станеме рамноправна членка на ЕУ. Но, за таква најава постои ризик. И во време на СФРЈ сме имале претставници во власта, но не го претставувале народот.

Исто е сега со легитимитетот за кој зборуваме. Јас имам право да се сомневам. Да земаш политички губитник кај Албанците како дел од власта, па потоа да создаваш ситуација кога ќе немаш потреба од организирана партија кај Албанците, па ќе земеш индивидуалци Албанци, па на Албанците ќе им кажеш еве имате претставници во власта. Оваа идеја наликува многу на тоа што Заев правеше…

Имаше информација и за средби меѓу Заев и Мицкоски, со олигарси внатре. А дали имаше ставање на „црна листа“ на некои олигарси по овој период? Кочо Анѓушев после овие иницијативи беше ставен на црна листа. Кога веќе јасно се покажа од страна на меѓународниот фактор дека таква идеја е неприфатлива, бидејќи ќе удира врз стабилноста на државата, а за целта зошто тие го правеа тоа немам информации, но претпоставувам дека се работи за бизнис зделки.

Не е во ред во општество како Македонија да се зборува за корупција, корупција, и да се ставаат во заборав некои што биле премиер долги години. Кој е договорот?… Ги паметите и сликите и она кога се појавуваше Сашо Мијалков кога цела држава се прашуваше каде е, а кога тој се појавуваше, имаше новинар што го чекаше да излезе. Сега, да не се правиме наивни.

Кога не може да се постигне такво нешто преку договор меѓу македонските политички партии, бидејќи тоа директно удира врз стабилноста на државата, зашто тоа може да го прави и албанскиот политички фактор како одговор на таква иницијатива, тогаш што правиш? Ги соединуваш гласачите и за тоа никој не може да ти забележи, зашто ќе велиш дека тоа е волја на гласачите – вели Села.

Воедно, тој не верува оти Заев не замешал прсти во уште една политичка разврска од висок интерес, а тоа е бегството на експремиерот Груевски. Имено, Села посочува дека Гуевски избегал во Унгарија со знаење на Заев. Според него, Заев во Груевски гледал проблем поради високиот рејтинг, и покрај тоа што во тој период против него се покренуваа кривично-правни постапки.

-На Заев му требаше Груевски да избега како што избега за да падне неговиот рејтинг кај граѓаните и пред неговото членство. Мислам дека тоа му отвори пат на Груевски да избега, зашто многу држави треба да се поминат, не е толку едноставна таа работа за таква политичка фигура – рече Села, кој додава дека слушнал информации дека претходната власт сакала да го врати Груевски, но тој не бил дел од таквите планови.

Влатко Стојановски

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk