Home » Зачувајте најмногу хранливи материи и свежина – еве го најдобриот начин за чување на ѓумбирот

Зачувајте најмногу хранливи материи и свежина – еве го најдобриот начин за чување на ѓумбирот

by Журнал.мк

Коренот од ѓумбир отсекогаш се користел за лекување на инфекции на респираторниот систем бидејќи има антиинфламаторно дејство.

Со цел да се зачуваат најголем број хранливи материи и свежината на свежиот ѓумбир најдобро е да се чува во фрижидер до три недели доколку е излупен.

Доколку се чува нелупен во замрзнувач, ќе ја задржи свежината неколку месеци.

Најдобро е да го додадете во јадењето на крајот од готвењето, а ѓумбирот може да се користи за зачинување дури и кога е јадењето готово.

Користете го како зачин за зеленчук, јадења со пилешко и риба, измешајте ѓумбир, маслиново масло и лук во прелив за салата, украсете го рижотото со рендан свеж ѓумбир, за лимонада измешајте свежо рендан ѓумбир, сок од лимон, мед и вода…

Свежиот ѓумбир е незаменлив во азиската и ориенталната кујна, а сè попопуларен е и во западната кујна. Во својата сушена форма, ѓумбирот бил донесен на Медитеранот во времето на стара Грција и бил еден од најважните зачини во средновековна Европа.

Неговата популарност е живо илустрирано со фактот дека во тоа време редовно се служел на трпезите, заедно со сол и бибер. Познатите колачиња од ѓумбир потекнуваат од средниот век, а ароматизираното пиво од ѓумбир (ginger ale), од 19 век, кога англиските таверни ја вовеле традицијата на посипување на пивото со ѓумбир во прав.
Сувиот ѓумбир во прав нема вкус на свеж ѓумбир, но задржува многу од неговите својства.

Сувиот ѓумбир најдобро се чува ако го чувате во затворен стаклен сад на суво, ладно и темно место. Додадете го во јадењата на почетокот на готвењето, за да се загрее и да се готви доволно долго за да ги ослободи хранливите состојки. Внимавајте на количината. Многу малку сув ѓумбир е доволен за лут вкус.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk