Home » Забранет e влез за возилото на Народната банка на Србија

Забранет e влез за возилото на Народната банка на Србија

by Журнал

Нов инцидент на Косово се случи денеска поврзан со српскиот динар. Забранет e влез за возилото на Народната банка на Србија во кое имало динари за пензии и плати за косовските Срби. Динарите требало да бидат пренесени во трезорот на Народната банка на Србија во Лепосавиќ.

Властите во Приштина денеска не дозволија да влезат динари, наменети за исплата на плати, пензии, социјални и други исплати на српското население. Како што соопшти Народната банка на Србија (НБС) за Косово онлајн, иако возилото со српски динари е испратено на преминот Јариње според сите одамна воспоставени и многу прецизни процедури, тоа денеска е вратено од тој премин без никакво образложение. Блиндираното возило со парите, кое било испратено од подружницата на НБС во Крагуевац, пристигнало на Јариње околу 11 часот каде парите во динари требало да ги подигне возилото на британската компанија „Хендерсон“, која има дозвола за превоз на пари и со која НБС соработува со години. Како што јави Косово онлајн, по неколкучасовно чекање за одобрение од Приштина, дозволата не стигнала и влезот е забранет. Ова е прв трансфер на пари во динари по 1 февруари и стапување во сила на уредбата на Централната банка на Косово (ЦБК) за воведување евра и забрана за динари. Косовскиот премиер Албин Курти даде објаснување.

„Речиси 35 отсто од српската заедница во Косово добива пензии од нашата Влада на сметки во евра. Пензиите добиени од Србија може да се префрлаат на истите сметки, како додаток, а не како замена за постоечките шеми за бенефиции. Покрај официјални филијали на банки, има уште 15 финансиски институции на кои може да им се исплатат пензии од Србија, во отсуство на банкарски сметки“, објасни косовскиот премиер Албин Курти.

Тој додаде и дека „отворањето и одржувањето на нови банкарски сметки во евра ќе биде бесплатно“.

Неколку земји го повикаа Косово да ја одложи мерката, но тоа не се случи. Косово уште не ја формираше и Заедницата на српски општини.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More