Home » Забрана за тешки товарни возила и на Плетвар

Забрана за тешки товарни возила и на Плетвар

by Журнал

Поради интензивни снежни врнежи, попладнево, од 16 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и на Плетвар, соопшти ЈП Македонијапат.

Поради врнежите од снег, според информациите на јавното претпријатие „Македонијапат“ и Авто мото сојузот на Македонија, од 11:25 часот воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен кај планинскиот превој Ѓавато, на граничниот премин Јажинце, како и на патниот правец од Гостивар кон Стража и Кичево, на патот од Маврово кон Дебар, како и на патниот правец од Струга кон граничниот премин Ќафасан.

Поради силен ветар и големи наноси на снег на потегот од село Рогачево до граничниот премин Јажинце од 08:40 часот е воведена забрана за автобуси и тешки товарни возила, додека останатите возила мора да имаат задолжителна зимска опрема.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за автобуси, додека за другите возила е задолжителна зимска опрема (синџири).

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More