Home » За вработените во здравство 10 отсто, за вработените во АЕК зголемување на платите од 20 отсто

За вработените во здравство 10 отсто, за вработените во АЕК зголемување на платите од 20 отсто

by Журнал.мк

Агенцијата за електронски комуникации го објави предлог финансискиот план за 2025 година заедно со Годишната програма за работа и од документите може да се забележи дека расходите за бруто плати на вработените ќе бидат зголемени за 20 проценти.

За плати за вработените во Агенцијата за електронски комуникации кои и досега земаа натпросечни плати за јавниот сектор, ќе се издвојат 242 милиони денари или 3,9 милиони евра.

За 2024 година планот велеше дека за бруто плати ќе се издвојат 202 милиони денари или околу 3,3 милиони евра.

За петте членови на Комисијата на ова регулаторно тело за телекомуникацискиот пазар ќе се издвојат 11 милиони денари.

Вкупно планираните расходи на АЕК се 572 милиони денари или 9,3 милиони евра.

Ова тело, кое најголемите приходи ги добива од телекомуникации, во 2025 година планира да оствари приходи од 9,3 милиони евра што е намалување за 31 % во однос на планираните приходи за 2024 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk