Турција смета дека е неприфатлива одлуката на Русија да ја признае независноста на т.н. Доњецка и Луганска нарона република, соопшти Министерството за надворешни работи на земјава.
„Одлуката на Руската Федерација да ги признае таканаречените републики Доњецк и Луганск е кршење на Договорите од Минск, како и јасно нарушување на политичкото единство, суверенитет и територијалниот интегритет на Украина. Оваа одлука на Русија ја сметаме за неприфатлива“, се вели во соопштението на Министерството.