Пред околу две седмици „Преку Ред“ го издадоа нивниот најнов сингл насловен „За Тебе“. Со оваа песна, бендот повторно ја потврдува својата искрена, урбана енергија и способноста да го спои алтернативниот рок со длабоки, лични емоции.
Музиката, текстот и аранжманот се дело на фронтменот и вокалист Антони Анев, додека за продукцијата, миксот и мастерингот се погрижи басистот на бендот Никола Стоименов. Видеото е дело на Бојан Василев.
Со „За Тебе“, Преку Ред испорачуваат нешто повеќе од сингл. Стиховите се директни, а мелодијата и текстот заедно создаваат чувство на блискост. „За Тебе“ не се обидува да биде хит по секоја цена. Љубовта во неа не е клише, туку тивка посветеност – кажана со мерка, без вишок зборови, и без патетика.
Видеото е визуелно едноставно, но ефективно. Без непотребни ефекти – со фокус на бендот и нивната музиката.
Се на се уште еден одличен сингл во низа за „Преку Ред“. Само напред момци!
Подолу слушнете ја „За Тебе“.