Home » За само една недела 1.247 лица се заразиле по втор пат

За само една недела 1.247 лица се заразиле по втор пат

by Журнал.мк

Само за една недела има нови 1.247 реинфекции, што е зголемување од 31,8% во однос на претходната недела. Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 3.380 реинфекции, што е 1,4% од вкупниот брои на инфицирани, покажува поледниот извештај на Институтот за јавно здравје.

„Во периодот од 10 до 16 јануари годинава во земјава се регистрирани вкупно 11.123 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е зголемување од 33,9% во однос на претходната седмица.

Тестирани се вкупно 45.401 материјали, за 14,7% помалку од претходните седум дена, а процентот на позитивност се движел од 21,4% до 30,2%, просечно 24,4%“, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 439 лица (25,1% повеќе во
споредба со претходна недела), а од нив 251 се на кислородна поддршка и 26 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Во однос на симптоми пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (59,3%), кашлица (44,8%) и малаксаност (43,5%).

Заклучно со 16 јануари годинава, пријавени се вкупно 245.398 случаи на Ковид-19. Регистрирани се 8.115 смртни случаи. Активни во моментов се 16.397 лица, а 220.886 се водат како оздравени.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More