15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

За речиси три месеци 12.512 санкции за неносење маски во тетовското подрачје

Најчитани вести

За речиси три месеци на тетовското подрачје има изречено 12.512 санкции за неносење на заштитна маска согласно мерката на Владата за спречување на ширење на коронавирусот од 13 октомври. Полицијата во изминатите три месеци секојдневно изрекува вакви казни поради непочитување на мерката. Констатирано е дека мерката се прекршува како во затворени објекти, така и на отворено.

-Од вкупно 12.512 санкции за неносење на заштита на лицето, во октомври се бележат 2120, ноември 1789 и декември 1643. Тука се сите прекршувања на мерката на отворен простор, во возила, во објекти и слично, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Од 1 до 4 јануари до 7 часот утрово, изречени се вкупно 136 казни за неносење маски. Само во изминатиот период од 24 часа од недела во 7 до понеделник во 7 часот изречено се 64 мерки и изготвени поднесоци за платни налози.

-Секторот за внатрешни работи Тетово и понатаму апелира до граѓаните целосно да ја почитуваат владината Уредба за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Потсетувам дека глобата за неносење заштита на лицето, според предвиденото во споменатата Уредба, изнесува 20 евра во денарска противвредност за физички и 2000 евра за правни лица, плус 500 евра за одговорното лице, вели портпаролот.

Заштитата на лицето подразбира да се прекрие устата и носот со маска, свилена марама, шал, памучна прекривка или друго.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести