Министерството за дигитална трансформација, денеска организираше јавна расправа за Нацрт-законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор. Ја истакнавме важноста на дигиталната инклузивност. Министерството работи на создавање правна и техничка рамка која ќе осигурa еднаков пристап до информации и услуги за сите граѓани, особено за лицата со попреченост и старите лица.
Овој закон е дел од нашата стратегија за дигитална трансформација, која го усогласува македонскиот правен систем со европските стандарди, но и ја потврдува обврската за почитување на правата на сите граѓани, без исклучок. Преку овој процес, се стремиме да изградиме дигитална Македонија која ќе биде пристапна и инклузивна за сите.
Ве повикувам да се вклучите во оваа коментарите на законот објавен и на ЕНЕР. Само заедно можеме да создадеме систем што ќе обезбеди долгорочна одржливост на дигиталната пристапност за сите.