Home » За прв човек на националниот парк „Пелистер“ Битола именуван е Иванчо Тошевски

За прв човек на националниот парк „Пелистер“ Битола именуван е Иванчо Тошевски

by Журнал.мк

За прв човек на националниот парк „Пелистер“ Битола именуван е Иванчо Тошевски, кој ќе ја извршува функција в.д. директор.

Тошевски во јавноста е познат како голем вљубеник во планината, планинар. Го познаваме и од традиционалниот настан со симболично име „Први на први”, кога вљубениците во планината секоја година на 1 јануари имаат можност да го доживеат првото изгрејсонце во Новата Година на највисокиот врв на Баба Планина, Пелистер.

А, што се однесува до општествениот живот тој е поранешен советник во Советот на Општина Битола, кога и беше координатор на советничката група во манадатот од 2017 до 2021 година.

Исто така Тошевски во минатото ја извршуваше и партиската функција претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk