Home » За претседателски кандидат на ДУИ ЌЕ ГО ПРАШАТЕ ЛИДЕРОТ ВО РЕЧИЦА

За претседателски кандидат на ДУИ ЌЕ ГО ПРАШАТЕ ЛИДЕРОТ ВО РЕЧИЦА

by Журнал

Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери не чувствува потреба да коментира одлуки на политичките партии кој ќе им биде кандидат на претстојните претседателски избори.

– Не чувствувам јас потреба да коментирам одлуки на политичките партии така што непотребен би бил било каков коментар од моја страна, истакна Џафери во одговор на новинарско прашање за коментар за информацијата дека Арбен Таравари ќе биде еден од кандидатите за претседател на државата, при денешната посета на општина Липково.

Прашан дали ДУИ ќе оди со самостоен кандидат на претстојните претседателски избори, Џафери рече дека за тоа новинарите треба да одат да прашаат во седиштето на партијата во Мала Речица.

-Ќе одите до Речица и ќе седнете да разговарате со лидерот. Јас сум премиер и ја претставувам Владата, а не Демократската унија за интеграција, посочи Џафери.

За тврдењето дека не треба да се одржуваат промотивни настани како денешниот во градинката во Матејче откако се распишани изборите рече дека се уште не сме влезени во периодот кога тоа е ограничено.

-Законот забранува 20 дена од отпочнувањето на официјалната кампања така што се уште не сме во тие 20 дена пред отпочнувањето на официјалната кампања. Претседателските избори се закажани за 24 април што значи дека некаде на 4 април почнува официјалната кампањата и фактички не сме во тие 20 дена пред тоа, појасни Џафери.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More