Home » За Ковачевски и Димовски се уште се проверува дали имаат вмешаност во „Лотарија“

За Ковачевски и Димовски се уште се проверува дали имаат вмешаност во „Лотарија“

by Журнал.мк

Екс премиерот Димитар Ковачевски и поранешниот генерален секретар Методија Димовски не се опфатени со истрагата за „Лотарија“, но кривичната пријава против нив се уште не е отфрлена, информираат од Обвинителството, без да ги посочат имињата на пријавените.

-Јавното обвинителство веќе извести дека кривичната пријава за наведените лица не е отфрлена. Основното јавно обвинителство Скопје во овој предмет постапуваше по поднесени кривични пријави и од Министерството за внатрешни работи и од Управата за финансиска полиција. По сите преземени дејствија од сите надлежни институции во конкретниот случај до овој момент се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека наведените шест лица презеле дејствија со кои исполнуваат обележја на кривичните дела за кои беше поведена постапка. За останатите наводи од пријавите проверките продолжуваат. Напоменуваме двете лица што ги наведувате се пријавени за сосема друг временски период и за други дејствија, а на седницата на 06.06.2023 година кога точка на дневен ред била наведената одлука претседавал единствено сега осомничениот, информираа од Обвинителството.

Забуната во јавноста настана поради тоа што Ковачевски и Димовски биле опфатени со кривичната пријава на МВР, каде што се пријавени вкупно 8 лица, но од скопското обвинителство информираа дека истрагата е отворена за шестмина. Ова зџначи дека проверките за Ковачевски и Димовски продолжуваат.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk